Од денеска започнува реализацијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила за потребите на македонското здравство. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој објави и видео поврзано со проектот.
Со оваа инвестиција се очекува да се подобрат условите за работа на здравствените екипи и да се унапреди квалитетот на здравствените услуги за граѓаните.
Набавката на новите амбулантни возила е дел од активностите насочени кон модернизација на здравствениот систем и подобрување на достапноста на здравствената заштита во државата.
