На листата се наоѓаат многу мали градови, така и дестинации со скриени плажи или прекрасна природа. Интересно е дека на листата се наоѓаат и три дестинации од нашиот регион.
Во својата репортажа магазинот наведува дека ширум Стариот континент се наоѓаат безброј дестинации со многу интересни содржини. Од шарени, мали градови, величествени дворци, средновековни градби, сè до светкави лагуни и скриени плажи – Европа е навистина неисцрпен извор на инспирација.
Дури три дестинации од регионот се наоѓаат меѓу најубавите во Европа.
Првото место на листата го зазела Villa Rufolo во гратчето Амалфи на крајбрежје, додека на второто место се наоѓа плажата Егремни на Лефкада. Третото место го зазела палатата Пена која се наоѓа во Португалија.
На четвртото место се наоѓа Госпа во Црна Гора. Магазинот за овој остров вели дека не постои ниту еден предел во цела Бока которска кој повеќе заслужува да го посетите и да го фотографирате и кој се издвојува како еден од најубавите во Црна Гора.
Покрај Госпа, најубаво во Европа се сметаат и Плитвичките езера како и Дубровник, и двете дестинации во Хрватска.
Националниот парк Плитвички езера секоја година го посетуваат повеќе од милион туристи кои се воодушевени од него, од кристалните езера, сплавови и бујни шуми. Дубровник веќе профилирал како една од најпознатите светски дестинации.
