„Вкусете го Охрид! …локално“ прв настан на конвивиумот „Слоу Фуд Охрид“ ќе се одржи во сабота од 19 часот на плоштадот „Долна порта“, Охрид.
Заедно да ги откриеме локалните вкусови од Охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична храна, како и младите производители на иновативни производи кои ги произведуваат на одржлив начин, информираат од „Слоу Фуд Охрид“.
Додаваат дека на „Вкусете го Охрид! … локално“ ќе може да се дегустира, купи, но и да се едуцира за домашна локална храна од охридскиот регион, органска храна, традиционални преработени производи, рачно изработени уникатни сувенири.
Да ја преточиме филозофијата на Слоу Фуд во реалност!- порачуваат.
