HomeАктуелноВладата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник

Поевтин бензин и дизел ќе точиме и од понеделник. Владата на вонредна седница ќе одлучува за продолжување на мерките кои истекуваат на 18-ти мај.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Поради растечките цени на нафтата на светските берзи, очекувано е мерките да останат во сила, велат од Владата. Во моментов, кај  бензините активна е повластената стапка на ДДВ од 10 отсто и намалената акциза за 2 денари.

Кај дизелот пак, акцизата е пониска за 4 денари. Во понеделник истекува и важноста на попустот кој ОКТА им го даде на бензиските и тоа 2 денари за бензините и 3 за дизелот. Министерката за енергетика најави дека ќе се проговара неколку дена пред истекот да продолжи и овој попуст.

И бизнисот смета дека државата треба да ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, за да ја држи инфлацијата под контрола. Во спротивно, не само граѓаните, туку колабс им се заканува и на компаниите.

Инфлацијата е најголемото зло што може да и се случи на една држава. Јас сум го поминал тоа и знам што значи. Таа ако дојде во нашето стопанство заради неговата структура ќе биде тешка катастрофа и тешки последици ќе остави. Мислам дека треба да направиме се, сите надлежни институции да не дозволиме некакво ескалирање, изјави Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Македонија.

Инаку неделава почна со скок на цените на нафтата, откако Трамп изјави дека одговорот на Иран за прекин на војната, кој им го понуди САД, за нив е неприфатлив. Во моментов брент нафта се продава за нешто над 105 долари за барел.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.