HomeАктуелноВлада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

Влада: Oбезбедуваме по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година.

Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените.

Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата.

На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права.

Сектор за односи со јавноста
Генерален секретаријат

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.