HomeАктуелноВладина делегација положи цвеќе по повод 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје

Владина делегација положи цвеќе по повод 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје

По повод одбележувањето на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје, денеска, почит на борците кои што ги положија своите животи и ја извојуваа слободата, им оддаде владина делегација составена од министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, министерот за образование и наука, Јетон Шакири и заменичката на министерот за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, со полагање на цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во чест на сите борци кои што учествуваа во ослободувањето на Скопје, членовите на владината делегација положија цвеќе и на Алејата на заслужни граѓани, како и пред Споменикот на ослободителите на Скопје, пред зградата на Владата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.