HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Власта само го зголемува долгот, а парите се трошат за матни зделки и тендери – најнова е најавата за заем од Светска Банка

ВМРО-ДПМНЕ: Власта само го зголемува долгот, а парите се трошат за матни зделки и тендери – најнова е најавата за заем од Светска Банка

Продолжува економското тонење на Македонија. Владата на Ковачевски има половина милијарда евра буџетска дупка, што е резултат на очајната економија во Македонија. Сето тоа ДУИ и СДС се обидуваат да го пополнат со нови и нови задолжувања. Јавниот долг одамна ја надмина психолошката граница од 8 милијарди евра и сега со новите најави тој уште повеќе ќе расте.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ковачевски и владата се обидуваат да шараат со изборот на доверители, еднаш тоа да биде преку еврообврзница, еднаш да бидат граѓаните, еднаш да бидат домашните банки, еднаш да биде светската Банка, но реалноста е дека Македонија се повеќе и повеќе се задолжува, а нема никаков ефект од тоа. Напротив граѓаните се посиромашни, стандардот е срозен заради високиот раст на цените, економската активност е сведена на живуркање, имаме најмал раст на БДП во регионот и нема странски инвестиции.

Со оваа влада единствено расте долгот, а парите од истиот наместо кај граѓаните завршуваат во нови матни зделки и тендери од кои се богатат функционерите од власта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.