HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: И покрај постоење на систем за терапија за болните од рак, Владата на СДС и ДУИ дозволи да умираат луѓе

ВМРО-ДПМНЕ: И покрај постоење на систем за терапија за болните од рак, Владата на СДС и ДУИ дозволи да умираат луѓе

Со скандалот со Онкологија најбрутално се погазени  човековите права.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Злоупотребата на цитостатици и терапија на клиниката за Онкологија е криминал со смртни последици. Злоупотребата е злосторничко здружување за кражба на лекови од пациенти со канцер за продажба на црно.

Ваквите активности се речиси невозможни без политичка поддршка.Сето ова се случува во ситуација кога Клиниката за онкологија од 2017 година има КАТО систем за контрола на терапиите кој не се користи.

Истот тој систем е исклучен со доаѓањето на СДС и ДУИ на власт и поставувањето на Арбен Таравари за министер за здравство. И наместо одговор од Таравари, молк што се случило со системот. Актуелниот министер Фатмир Меџити со објаснување од типот „системот не е во подрум, туку заклучен во соба“!

И покрај фактот што одамна, или уште пред две години се предупредуваше за вакви случувања на Онколигија, злосторничко здружување се уште опстојува и владее со Клиниката за онкологија.

Предупреувања од многу страни, поплаки од паценти, документ со низа на неправилности за работата на Онкологија од Државната ревизија и никаков резултатот.

Системот на крадење на терапијата за болните од рак функционира. Тоа говори за политичка заштита на актерите во овој криминаклен систем.

Оставките се прв чекор кој што би гарантирал истрага и соодветна постапка без да се влијае врз неа од позиција на моќ и власт!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.