HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Наместо скапи коктели, Владата треба да се подготви за справување со пожарите

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо скапи коктели, Владата треба да се подготви за справување со пожарите

Наместо скапи коктели зад високи ѕидови, Владата треба да се подготви за справување со пожари за да ги заштити имотите и животите на граѓаните.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Власта наместо да спие треба навреме да се подготви оваа сезона за справување со пожарите. Временските прилики треба да го запалат алармот во владата и наместо скапите коктели зад високи ѕидови, да почнат да ги активираат сите расположливи ресурси за заштита на животите и имотите на граѓаните исто како и природните богатства.

Минатата година беше тотална катастрофа. Власта дозволи пожарите да се прошират и да загрозат цели населени места.

Да не беше помошта од пријателски зземји кој знае како ќе поминевме. Неспособноста на Владата чинеше многу, изгорени хектари шуми, плевни, куќи, милионски штети и несогледливи последици по природата.

Доколку навреме се интервенира, таквите штети се далеку помали. Очекуваме владата да ја научила лекцијата од минатата година и внимателно ќе ја следи ситуацијата со пожарите секаде низ Македонија и навремено ќе се интервенира. Македонија и граѓаните не можат да си дозволат да страдаат поради неспосбноста на власта.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.