HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ја зголемиле цената на автопатот Кичево – Охрид за 200 милиони евра без образложение

За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Руинирани институции кои тонат поради корупција и криминал е состојбата која ја остави владата на СДС и ДУИ. Дека единствен приоритет на претходната владата на СДС и ДУИ и бил сомнителни тендери, се гледа и од тендерот за автопатот Кичево-Охрид, велат од ВМРО ДПМНЕ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Фактите говорат дека на ДУИ и СДС приоритет им било местење на тендери, а не капитални инвестиции и изградба на инфраструктура. Ова го потврдува Извештајот на Државниот завод за ревизија. Автопатот Кичево-Охрид, иако проектиран колку ќе чини, наеднаш станал поскап за 200 милиони евра и тоа без никакви детали. Или кога станува збор местење тендери, ова е случај во најголем број од нив. Одлика на тендерите на Владата на СДС и ДУИ е одложена изведба и зголемени трошоци, со што се оптеретувал државниот буџет, додаваат во соопштението.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.