HomeАктуелноВМРО-НП: Честитки по повод отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

ВМРО-НП: Честитки по повод отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ

ВМРО-Народна партија упатува честитки по повод отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Отворањето на новото европско поглавје, после 21 година од потпишувањето на „спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните земји-членки“, претставува значајна историска пресвртница за Македонија и е плод на децениски макотрпни процеси на многу генерации кои низ годините оставаа свој белег при трасирањето на патот кон Евроинтеграциите.

Скринингот кој претставува првиот чекор само ќе ги потврди реформите кои Северна Македонија низ годините ги имплементираше се со цел да се усогласи со европските закони и правни начела.

Овој чекор ја отсликува вистинската визија за Европска Македонија која дополнително ќе ни отвори нови предизвици и перспективи во поглед кон развојот на Северна Македонија како и економска стабилност за граѓаните, а сето тоа со загарантиран и признаен македонски идентитет.

ВМРО-Народна партија од своите зачетоци до ден денешен се залага и во иднина ќе го дава својот придонес кон зацврстување и унапредување на Северна Македонија во држава, достојна членка на Европската унија.

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.