HomeАктуелноВозат како на писти, полицијата санкционираше 405 возачи кои пребрзо управувале со возило

Возат како на писти, полицијата санкционираше 405 возачи кои пребрзо управувале со возило

Во текот на вчерашниот ден (03.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 405 возачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 254 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.