HomeАктуелноВозачи, внимавајте: од 15 ноември задолжителна зимска опрема – еве што мора да имате

Возачи, внимавајте: од 15 ноември задолжителна зимска опрема – еве што мора да имате

Возачите во Македонија имаат уште десетина дена да ги подготват возилата, бидејќи од 15 ноември почнува законската обврска за поседување пропишана зимска опрема. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За патничките возила со најголема дозволена маса до 3.500 килограми, како зимска опрема се сметаат зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри.

Дозволена е и друга комбинација – летни пневматици на сите четири тркала со најмалку 4 милиметри длабочина на шарата, но во возилото мора да има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Кај возилата со погон на четири тркала, односно 4×4, зимските пневматици треба да имаат минимална длабочина на шарата од 6 милиметри. И за овие возила постои можност за користење летни гуми со најмалку 4 милиметри шара, со соодветни синџири за снег, согласно видот на погонот.

За возилата со најголема дозволена маса над 3.500 килограми важат посебни правила, меѓу кои зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри. За одредени автобуси и товарни возила се предвидува и задолжително поседување лопата доколку поради технички причини не можат да постават синџири на погонските тркала.

Зимските пневматици се препознаваат по ознаките „MS“, „M+S“ или „M&S“, како и по симболот на снегулка на стилизирана планина со три врва. Користењето гуми со клинци во патниот сообраќај е забрането.

Од МВР апелираат возачите навреме да ја проверат опремата и состојбата на пневматиците, со цел побезбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Проверете ги гумите навреме – од 15 ноември правилата важат за сите возила што учествуваат во јавниот сообраќај.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.