HomeАктуелноВозило излета од коловоз во близина на с.Климештани

Возило излета од коловоз во близина на с.Климештани

На 22.03.2023 во 12.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влез за с.Климештани, општина Дебрца, патничко моторно возило „опел” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.М.(60) од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Х.А.(62) од Охрид констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид, додава портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.