HomeАктуелноВозило се запали на булевар „Македонија“

Возило се запали на булевар „Македонија“

Возило се запали на булевар „Македонија“ во Делчево. Пожарот прв го забележал случаен минувач кој вели дека најпрвин слушнал експлозија, по што возилото почнало да гори. Пожарот го пријавил до Територијалната противпожарна единица, чија дежурна екипа интервенирала со едно возило.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
– Интервениравме на задниот дел од возилото, пожарот бргу го изгасивме и не дозволивме негово ширење на другиот дел од возилото, велат од ТППЕ Делчево.
Засега не е позната причината за пожарот. Пожарот е пријавен околу 03:45 часот.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.