HomeАктуелноВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВРЕМЕТО – Продолжува нестабилното време!

ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВРЕМЕТО – Продолжува нестабилното време!

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во недела и во вторник на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.