HomeАктуелноВОНРЕДНО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ – Доаѓа невреме во Македонија, можни поплави

ВОНРЕДНО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ – Доаѓа невреме во Македонија, можни поплави

Под влијание на силен циклонски систем со центар над Џенова, во Република Македонија целата оваа недела ни следува многу нестабилно и ветровито време со засилен, повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час) како и со чести и многу обилни врнежи од дожд кои локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Локално прцесите ќе бидат застапени во форма на невреме.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На многу места до крајот на неделава ќе наврне многу големо количество на воден талог, и тоа над 50 литри дожд, локално и над 80 литри дожд. Најмногу дожд ќе наврне во западните предели каде количеството на воден талог ќе надминува 100 литри дожд а локално дури ќе наврне  и над 150/200 литри дожд што е премногу па токму поради ова може да очекуваме зголемување на нивоата на реките  и езерата во Македонија како и можност за локални полавувања поради очекуваните чести и многу обилни врнежи од дожд во Македонија.

И во Скопје  и околината следува период на многу нестабилно и ветровито време со засилен до повремено силен ветер од јужен правец и со чести и многу обилни врнежи од дожд кои повремено би можеле да бидат проследени и со грмежи.

Што се однесува до температурите, тие поради изразеното јужно воздушно струење остануваат да бидат без поголеми промени во однос на овие температури кои ги имавме изминатите денови и тие ќе бидат натпросечно високи за ноември.

ЛИНК ВИДЕО

Метео прогнозата е направена од еден од најпознатите метео-прогнозери: Славчо Попоски

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.