HomeАктуелноВо април плус пари за пензионерите

Во април плус пари за пензионерите

Во сила останува линеарното зголемување на пензиите откако отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Уставниот суд на денешшната седница ја запре постапката. Тоа значи дека сите пензионери во април ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 19.11.2025 година Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 oд Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2025). Предлогот за одлучување беше на дневен ред за 28, седница на Судот, одржана на 24 декември 2025 година. Предлогот на судијата известител не го добил потребното мнозинство гласови.

Во овој случај беше поведена постапка од страна на Уставниот суд и во ваква ситуација требаше да се донесе конечна одлука.  Кога предлогот за конечна одлука не добива мнозинство Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок – информираат од Уставниот суд.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.