HomeАктуелноВо водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба

Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба

Во СВР Охрид вчера во 11:40 часот било пријавено дека во водите на Охридското езеро, кај селото Трпејца, била пронајдена рачна бомба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од увидот, извршен во присуство на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за бомба М-17 од Првата светска војна.

Посочуваат дека бомбата е безбедно подигната и предадена за натамошна постапка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.