HomeАктуелноВо вторник најавено дезинсекција против комарци во Скопје

Во вторник најавено дезинсекција против комарци во Скопје

Градот Скопје најави авионска дезинсекција против ларви од комарци на целото подрачје на градот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Акцијата ќе се спроведе во раните утрински часови на 11 август, а во случај на неповолни временски услови ќе биде одложена за првиот нареден соодветен ден.

На подрачјето на Скопје во вторник, 11 август, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци.

Од Градот Скопје ги известуваат граѓаните дека дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови, со цел да се намали бројот на ларви од комарци и нивното понатамошно размножување.

Доколку временските услови не дозволуваат безбедно спроведување на дезинсекцијата, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни. Во тој случај, дезинсекцијата ќе се изврши во истите временски термини.

Од Градот Скопје посебно ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Авионската дезинсекција е дел од мерките за контрола на комарците, особено во периодот кога високите температури и временските услови создаваат поволна средина за нивно размножување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.