HomeАктуелноВо духот на традицијата охридското село Свиништа се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици

Во духот на традицијата охридското село Свиништа се подготвува за големиот христијански празник Богојавление – Водици

Охрид подготвен за големиот  христијански празник Богојавление – Водици. Покрај вековната традиција на главната церемонија на кејот на Охридското Езеро, во Охрид скоро и да нема населено место или село кое не ја негува својата традиција за Водици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Еден од многуте примери е селото Свиништа, кое е вистински рај за очи и мелем за душа.

Селото Свиништа се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Охрид, во преминот на Петринска и Плаќанска планина на патот Охрид-Ресен. Ова село како и сите други села во Македонија има свое богатство кое се крие длабоко во срцето и душата на секој оној кој потекнува од ова село.

Селото Свиништа ја продолжува традицијата на положување на чесниот крст. Манифестацијата ќе започне на 19.01.2025 год во 7:00 часот во црквата Св. Никола, а ќе продолжи со осветување на водата на базенот и положување на чесниот крст. За многу години, стои во соопштението.

Според традицијата во околината на Охрид, покрај Охридското Езеро се осветуваат и сите други води кои се во околината, така и во селото Свиништа , Светиот крст, до пред неколку години беше положуван во реката која што се наоѓа пред селото,  додека сега ќе биде положен во базенот на црквата Св.Никола, која што е изградена во далечната 1934 година.

Народните обичаи во помала или поголема мера се негувале уште од прастари времиња и главно истите се поврзани со најголемите верски, односно православни христијански празници. Големиот христијански празник Богојавление – Водици е еден од позначајните празници кој сѐ уште со полна пареа живее во духот на традицијата, празникот и ден денес се слави три дена.

Во селото има вкупно седум Светијонски куќи, за тој ден каде и да се иселиле луѓето кои потекнуваат од ова село доаѓаат во селото, го почитуваат светионот, кумот, традицијата и компаниите, празникот ги собира сите луѓе на едно место.

Свиништани велат, кај и да си за Водици Свиништа да си!

 

Подготви: Елена Ристеска/ Фото: powerinfo.mk

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.