Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.
До четврток времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Денес и утре долж Повардарието ќе дува повремено засилен северен ветер. Во петок под влијание на атмосферски фронт на повеќе места се очекуваат поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
