Град Скопје информира дека во петок, на 22 септемврина подрачјето на Скопје ќе се изврши петтата фаза на дезинсекција против ларви од комарци. Авионското прскање ќе се врши во раните утрински часови, а во текот на денот и терестричната дезинсекција.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.
Од Градот ги известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
