Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига”, во понеделник, 13.11.2023 ќе го објави осмиот број од електронското списание за книжевност и друга уметност, „(е)Лит” на нивната фејсбук–страница.
На задоволство на читателската публика, новото издание ќе има содржини, опфатени во редовните рубрики: За издаваштвото; Разгледница; Авторот и градот; Прустов прашалник; Портрет; Четка, четка, четкичка; Од регионот; Совети за пишување; стрип; уметност; филм. И овој пат, уредниците подготвија колаж од поезија и проза. Во новиот број на списанието во делот на прозата ќе бидат застапени авторите: Иван Антоновски, Фросина Пармаковска, Јордан Коцевски, Билјана Мартиновска, Кирил Мираковски, а уредничкиот тим во чест и сеќавање на македонскиот раскажувач, романописец и поет, Крсте Чачански, ќе објави и негов расказ. Додека, со поезија ќе бидат претставени поетите: Марина Мијаковска, Јовица Тасевски-Етернијан, Марио де Роза, Славица Гаџова Свидерска, Емељ Туна, Дијана Петкова, Блаже Петрески Ендемион, Игор Крајчев, Мариета Дукиќ.
Изминатиов период, списанието „(е)Лит” беше промовирано преку различни културни настани, како онлајн-промоција и промоција со присуство на читателска публика. Главна мисија на списанието е афирмација на македонските уметници од секоја сфера, со акцент на книжевноста, но секако се дава простор и на сите други уметности.
Е.Р


