HomeАктуелноВо регионот од 1-ви јули најава за зголемување на пензиите за 11 отсто, македонските пензионери во исчекување, мартовската пензија треба да порасне, законските измени пратени во Собрание

Во регионот од 1-ви јули најава за зголемување на пензиите за 11 отсто, македонските пензионери во исчекување, мартовската пензија треба да порасне, законските измени пратени во Собрание

Бугарската Влада одлучи од 1 Јули пензиите во државата да бидат зголемени за 11 отсто.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации.

Таа додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде приоритет.

Одлуката е реакција на тензиите во коалицијата што настанаа при првично усвојување на буџетот од Советот на министри, јавија бугарските медиуми.

Првичниот предлог за зголемувањето на пензиите во Бугарија беше за два начина – пензионерите со пониски пензии се очекуваше од 1 јули годинава да добијат зголемување од 11 отсто, додека оние со повисоки да добијат зголемување што ќе го надмине растот на инфлацијата.

Во Македонија, мартовската пензија најверојатно ќе порасне за нови 2.500 денари, со што ќе се комплетира најавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ од минатите избори за 5.000 денари покачување на пензиите по линеарен модел.

Да потсетиме дека и минатиот септември пензијата се покачи за истата сума.

Законските измени веќе се пратени во Собрание и наскоро ќе бидат изгласани.

А од следниот септември најверојатно пензиите ќе се зголемуваат системски, како што и беше претходно.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.