HomeАктуелноВо сенка на негативен прираст – и љубовта се премислува, намален природен прираст и помал број на бракови: Црна демографска слика во Охридскиот регион и државата

Во сенка на негативен прираст – и љубовта се премислува, намален природен прираст и помал број на бракови: Црна демографска слика во Охридскиот регион и државата

И оваа година Охрид ја започна со негативен природен прираст. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика во месеците јануари, февруари и март се родиле 80, а починале 176 лица, односно се бележи прираст од -96.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во општина Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 4, а починале 14 лица. Во Струга во првиот квартал исто така бележи негативен прираст, се родиле 111, а починале 124 лица.

Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 31 двојка, а имало и 16 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 69 бракови, а евидентирани се 6 разводи. Во Дебрца е евидентиран еден склучен брак и нема разводи.

На државно ниво во првиот квартал од оваа година имало 3.526 живородени деца, а починале 5.398 лица, со што се бележи негативен прираст од -1.872. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени и разведени бракови.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.