Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени денеска во силниот земјотрес на северот на Филипините, каде што земјотресот предизвика мали лизгања на земјиштето и оштети згради. Земјотресот со сила од седум степени според Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Абра во планинската област, соопшти Институтот за вулканологија и сеизмологија. Едно лице почина во својата куќа во Абра, каде што најмалку 25 лица се повредени и се пренесени во болница. Градежен работник загина во урнатините во планинскиот град Ла Тринидад во провинцијата Бенге, каде што одроните на камења блокираа неколку патишта.
