На територија на Град Скопје вчера во засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои 155 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 36 за управување возила без возачка дозвола и 38 казни за возење под дејство на алкохол.
Како што информираа од МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
