HomeАктуелноВо Скопје утре посебен сообраќаен режим – МВР ќе го одбележува Денот на полицијата

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим – МВР ќе го одбележува Денот на полицијата

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.05.2024 (вторник), поради одржување на настан за одбележување „7 Мај – Ден на полиција”, во периодот од 08.00  до 18.00 часот за сообраќај ќе биде затворен бул.„АСНОМ” на потегот од крстосница со бул.„Србија” до крстосница со бул.„Февруарски поход”. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.  

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.