HomeАктуелноВо Собранието дебата за подобрување на статусот на жените

Во Собранието дебата за подобрување на статусот на жените

Собранието денеска ќе ги одржи 38. седница на која треба да расправа за повеќе предлог одлуки и закони, како и 39. која е со единствена точка на дневен ред „30 години заложби и достигнувања за подобрување на статусот на жените и идни планови за акција“. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на 38. седница пратениците треба да дебатираат за Предлог одлуката за објавување јавен конкурс за именување членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, како и за предлог одлуките за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, и на директор и заменик на директорот на Агенцијата за администрација.

На дневен ред на седницата се и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во прво читање и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, во второ читање. Исто така и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, како и Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2025 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.