HomeАктуелноВо тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во КБ Битола

Во тек инспекцискиот надзор на ДСЗИ во КБ Битола

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче, соопштија од МЗ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.