HomeАктуелноВо тешката сообраќајка загина пешак

Во тешката сообраќајка загина пешак

Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според јавниот обвинител кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20 часот.

Пешакот се движел на коловозот и на средината од коловозната лента бил удрен од товарното возило. Службата на итната медицинска помош само констатирала смрт. Се уште не се познати причините за несреќата. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на 75-годишниот жител на селото Беровци.

Увид направи прилепската полиција.

Синоќа патниот правец Прилеп – Битола беше затворен, а сообраќајот се пренасочуваше по „стариот пат“. Изутрината е нормализиран сообраќајот на оваа делница.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.