HomeАктуелноВо Хрватска регистрирани 10 случаи на мајмунски сипаници, се очекуваат првите серии вакцини

Во Хрватска регистрирани 10 случаи на мајмунски сипаници, се очекуваат првите серии вакцини

Во Хрватска досега се регистрирани десет случаи на заболени од мајмунски сипаници. Сите пациенти се мажи на возраст од 30 до 50 години, а во два случаи е констатирано дека се заразиле во странство, изјави синоќа епидемиологот Горанка Петровиќ.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Хрватска ги очекува првите серии вакцини против оваа ретка, заразна болест во следните недели.

Европската комисија организира општа јавна набавка за вакцини. Количината на распределените дози ќе биде пропорционална на населението на секоја земја членка, истакна Петровиќ.

Хрватска може да очекува 1.400 дози за имунизација на луѓето кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.