Рекордна наплата од патарини во јули. Собрани се 7,6 милиони евра или 260 илјади евра повеќе во однос на истиот месец лани. Од Јавното претпријатие за државни патиошта велат дека од почетокот на годината до јули вкупно во буџетот по овој основ се слеани 28,9 милиони евра. Месечно се инкасирале во просек од 4 до 5 милиони евра. Но јули, со вакви бројки отскокнува. Од бројките задоволен е премиерот Мицкоски, кој на ФБ напиша дека овие пари постоеле и минатата година, но не завршиле во касата на државата. Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Сега од тие пари градиме градинки, училишата, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места, напиша Мицкоски на ФБ.
