HomeАктуелноВремето денес – Најава за дожд и грмотевици, еве за кога!

Времето денес – Најава за дожд и грмотевици, еве за кога!

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 34 степени.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

UV индексот ќе биде 8, а максималната температура ќе се искачи до 27 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник и вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува период на стабилно и топло време со постепен пораст на дневната температура.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.