HomeАктуелноВремето денес – Најава за дожд и грмотевици, еве за кога!

Времето денес – Најава за дожд и грмотевици, еве за кога!

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот, претежно во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9
Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од УХМР известуваат дека утре попладне ќе има локална, а во текот на следната седмица честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура.

Во Скопје во следните денови во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.