HomeАктуелноВремето денес: Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Времето денес: Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 36 степени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира УХМР, под влијание на влажна и топла воздушна маса од југ до недела времето ќе биде многу топло.  Изолирана појава на нестабилност ќе има и в сабота.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.