HomeАктуелноВремето променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

Времето променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени Целзиусови.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и во наредните денови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2), појава на грмежи и засилен ветер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.