СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(59) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола во патниот сообраќај, извршена на 04.05.2022, полициски службеници го затекнале пријавениот при управување такси патничко возило „фолксваген шаран“, со кое вршел јавен превоз на патници. Притоа, констатирале дека тој не поседува важечка лиценца за јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган. – информираат од СВР Охрид.
