HomeАктуелноВучиќ се пофали: Први во регионот имаме директни летови до Пекинг

Вучиќ се пофали: Први во регионот имаме директни летови до Пекинг

Хаинан Ерлајнс ќе лета меѓу главните градови на Кина и Србија засега само во сабота, поради ограничувањата за коронавирусот кои сè уште постојат во Кина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Кинеската авиокомпанија Хаинан Ерлајнс утрово по четири години ги обнови редовните директни летови на релацијата од Пекинг до Белград, а на слетувањето на првиот авион на аеродромот „Никола Тесла” присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Хаинан Ерлајнс ќе лета меѓу главните градови на Кина и Србија засега само во сабота, поради ограничувањата за коронавирусот кои сè уште постојат во Кина.

Вучиќ истакна дека Србија е прва во регионот која има директен лет до Кина и најави дека од септември или октомври и Ер Србија ќе воспостави летови и за Пекинг.

Хаинан Ерлајнс започна да лета од Пекинг до Белград преку Прага во септември 2017 година, но летовите беа прекинати на крајот на 2018 година.

– Очекуваме до крајот на годината да потпишеме договор за слободна трговија со Кина со што ќе се отвори простор за натамошно унапредување на соработката, рече Вучиќ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.