Почитувани граѓани на Србија, до денес, во претходните три дена, речиси неверојатни податоци.
Собравме 8.500 парчиња разно оружје, 784 мини и експлозивни направи, значи бомби и минофрлачки ракети, 398.450 парчиња муниција од различен калибар. Благодарен сум им на граѓаните за довербата. Ви благодариме што се грижите за иднината на Србија и нашите деца – порача претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на официјалниот Инстаграм профил „Иднина на Србија“.
Тој во видеото на Инстаграм порача дека ова е важна вест за српските граѓани.
