Иста приказна секоја година главниот туристички центар во Охрид, вистински хаос.
Веќе неколку дена центарот на Охрид е преплавен со ѓубре, а фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција како жалба од граѓани дека оваа слика не е само за празничките денови, туку дека оваа глетка пред охриѓани е веќе една недела и веќе претставува нивно секојдневие во центарот на Охрид.
Имено, во текот на вчерашниот ден Охридски комуналец информира за низа активности.
Активности на оперативните служби пред и по Илинден. Продолжуваме со максималниот ангажман за чистење на јавните површини-кејот, градското пристаниште, малото пристаниште кај Палас, во близина на амамот, градскиот парк и други локации, од расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна, кои за жал се реална слика во доцните вечерни часови и наутро. Во вечерните часови се спроведува машинско миење на коловози, пешачки патеки и други јавни површини, кое на одредени места е надополнето со рачно миење. Се одржува хигиената во и околу локациите каде се одржуваат концерти, стои во објавата на ЈП Охридски комуналец.
Сликата е иста секој Илинден, кога главниот турустички центар го достигнува шпицот на сезоната.
Е. Р
