Денес во касарната Илинден им оддадовме почит на нашите соборци од бСН-Волци, кои го дадоа животот на 28.04.2001 година кај с.Вејце на Шарпланина, во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија. Вечна им слава и сеќавање на нивната жртва за Македонија! – напиша на facebook Генерал д-р Павле Арсоски.
Инаку, пензионираниот Генерал д-р Павле Арсоски е носител на пратеничката листа на третата изборна единица од Движењето ЗНАМ За Наша Македонија.

