Големо невреме проследено со пороен дожд и грмотевици го зафати југозападниот дел од Македонија. Невреме во моментов проследено со грмотевици и пороен дожд има и во главниот туристички центар, Охрид.
Од Управата за хидрометеоролошки работи е најавено дека во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
