HomeАктуелноГОЛЕМ ПОЖАР- Гори објект со насади со марихуана

ГОЛЕМ ПОЖАР- Гори објект со насади со марихуана

ЦУК: ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ОПШТИНА РОСОМАН – ГОРИ ОБЈЕКТ НА ОТВОРЕНО СО НАСАДИ СО МАРИХУАНА

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Регионалниот ЦУК Кавадарци извести за состојбата за пожарот на објект ден денеска (09.03.2023 година) во Oпштина Росоман, при што информира дека пожар е настанат на објект на отворен простор во 11:00 часот, од десната страна на регионалниот пат Прилеп – Градско, во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“ (во близина на с. Дреново). Гори објект од тврда градба покриен со стакло (пластеници насади со марихуана).
На терен за гаснење на пожарот интервенираат: ТППЕ Кавадарци со 15 пожарникари, 3 ПП возила, 2 ПП возила за гасење на шумски пожари и 1 возило за превоз на луѓе; ТППЕ Неготино со 3 пожарникари и 1 ПП Возило; ЈП „Комуналец“ Кавадарци со 3 цистерни и 3 вработени; „Еуро Никел“ со 1 вработен и 1 ПП возило. Зафатена е површина од околу 1 хектар.
Пожарот е ставен под контрола, а екипите се се уште на терен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.