HomeАктуелноГОРДОСТ МАКЕДОНСКА – 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци за натпреварувачите на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација

ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА – 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци за натпреварувачите на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација

Викендов што измина на 19.10 2024 во Нови Сад, соседна Србија , традиционално  17 по ред се одржа меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ натпревар кој е еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа, каде учествуваа 555 натпреварувачи од 11 земји од регионов. На овој натпревар многу држави ги носат своите најдобри натпреварувајќи  ги за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин, Естонија, крајот на април, наредната година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

 

М.Т.Т.Ф на овој престижен натпревар под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, двајцата носители на црн појас 5 дан, учествуваше со 22 натпреварувачи од 5 клубови на М.Т.Т.Ф, кои натпреваруваа во две дисциплини, форми(борба со замислен противник) и спаринг-борби. Исто така   М.Т.Т.Ф учествуваше со 4 официјални лица и 5 лиценцирани судии.

Како една од најмалите репрезентации кои учествуваа на овој натпревар, можеме да се пофалиме дека имаме одлични натпреварувачи кои не израдуваа со 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци, а севкупен пласман како држава сме на 4 место, каде пред нас се државите кои учествуваа со многу поголем број натпреварувачи од нашата репрезентација. Сите натпреварувачи до златото имаа по 3-4 борби. Од почеток почнаа помладите категории , за на крај на натпреварот завршните борби го водеа повозрасните категории, кои направија  одлични борби. Посебно за пофалба се натпреварувачите од клубот СОНКАЛ од Мислешево, Струга, кој освои 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали, сите натпреварувачи зедоа медали, Теодор Ѓорески се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец, додека тренерите на овој клуб Давид Крстески со 4 борби  и Марио Крстески со 3 борби, беа непобедливи на борилиштата освојувајќи златни медали во спаринг борби.

Имено,  од охридскиот клуб МАСТЕР , Владимир Димитриевиќ со 3 победи се искачи највисоко на пиедесталот , докажувајќи дека е неприкосновен во неговата категорија. Мораме да напоменеме и дека од клубот ЧОНЏИ од Косел-Охрид, Михаил Крстаноски  се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец. Од клубот Ахилиус од Скопје, Теодора Митреска успеа да се искачи до второто место, додека од ХВА РАНГ ИТФ од Лескеоц Охрид, највисоко на пиедесталот се искачи повторно Миа Танеска во борби, која само пред две седмици во Плевен, Бугарија, беше прво место, покрај неа со злато се закитија и Теодора Тодороска, Анастасија Трифуноска,Михаил Јоноски, вели претседателот Марјанчо Лазаревски, кој ја користи прилика јавно да се заблагодари до генералниот спонзор  „ПН МЕТАЛ“ кој е најзаслужен за учествотот на нашата решрезентација  на овoј престижен натпревар, Министерството за спорт и Општина Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.