HomeАктуелноГостиварчанец измамен за 1.500 евра – сторителот е приведен

Гостиварчанец измамен за 1.500 евра – сторителот е приведен

Вчера во 17.00 часот на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(51) од скопско Студеничани, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој се сомничи дека измамил 34 – годишен гостиварец за сума од околу 1.500 евра. Според пријавеното, во јуни 2023 тој се договорил со оштетениот да му го поправи четирициклот, по што ги земал деловите за поправка и од него добил аванс. Меѓутоа, набргу потоа И.Б. престанал да комуницира со 34-годишникот и не ја завршил договорената работа, по што на 16.02.2024 бил пријавен во ОВР Гостивар.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.