HomeАктуелноГрадежни активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола на Коридор 10д

Градежни активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола на Коридор 10д

Премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми денеска ќе се обратат на настан по повод градежни активности за изградба на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридор 10-д, најави владината прес-служба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во мај годинава кај индустриската зона во Прилеп беше поставена табла со податоците за изградбата на автопатската делница (39,3 километри), по што почнаа геоистражувачките работи и останатите подготвителни активности.  Рокот за изградба на автопатот е 57 месеци.

Со Договорот што го потпиша Владата со американско-турскиот-конзорциум „Бехтел и Енка“ е предвидена изградба на автопатските делници Прилеп – Битола на Коридорт10д, како и Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Требеништа – Струга – Ќафасан на Коридорот 8.

Работите на Коридорот 8 почнаа пред два дена со минирање кај селото Горна Бањица за пробивање на трасата на автопатот Гостивар – Букојчани (30,1 километар).

-Ова е прва реална активност со која почнува изградбата на двата коридора, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на активностите за изградба на коридорите 8 и 10д.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.