Со својата традиција и култура, Египќани се многу значаен дел од мултикултурниот мозаик на Охрид и несебично даваат придонес во сите сфери на општественото живеење, вели во честитки по повод 24 јуни-Меѓународниот ден на балканските Египќани, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Во духот на различноста и меѓусебното почитување продолжуваме да го негуваме нашето пријателство и соживот со една заедничка цел, а тоа е подобра иднина за нашиот град и нашата држава.
Се надевам дека во иднина заедно ќе успееме да креираме напредни политики кои ќе обезбедат еднакви прави и можности за сите граѓани, додава Пецаков.
