HomeАктуелноГраѓаните да не наседнуваат: Измамници ги вознемируваат охриѓани, полицијата апелира на внимателност!

Граѓаните да не наседнуваат: Измамници ги вознемируваат охриѓани, полицијата апелира на внимателност!

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои деновиве, преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, лажно претставувајќи се, вршат измами за случени сообраќајни незгоди во кои, наводно, жртви или тешко повредени биле членови на нивните семејствата или други нивни роднини.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со тоа создаваат огромна вознемиреност кај граѓаните, а целта на овие измами е да изнудат пари за наводна помош при понатамошната постапка. Апелираме до граѓаните, да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на бесплатниот телефонски број 112 или лично во најблиската полициска станица, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.